„Не можете да се борете со Русија“ – Медведев ги нападна Американците, откри детали за радикалната одлука на Москва

Русија го суспендираше учеството во новиот Договор за намалување на стратешкото оружје, СТАРТ, како одговор на антируската политика на Вашингтон, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

– САД го доби она што го заслужи за својата глупава антируска политика, односно суспензијата на Новиот СТАРT. Не можете да се борите против Русија, а се чини дека на прашањата на стратешката стабилност се работи вообичаено – напиша Медведев на Твитер на англиски јазик, пренесе ТАС С.

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред Федералното собрание соопшти дека Русија го суспендира учеството во Новиот START, но не се повлекува од него.

Путин нагласи дека, пред да продолжи дискусијата за понатамошни активности во рамките на договорот, Русија мора да разберешто бараат земјите од НАТО како Франција и Велика Британија и како ќе се земат предвид нивните барања за стратешки арсенали.