„Никогаш повеќе нема да пеам“: Мирослав Илиќ е неутешен по смртта на член на семејството

Мајката на Мирослав Илиќ почина многу млада, пејачот тогаш имаше само 25 години.

Легендарниот пејач на народна музика Мирослав Илиќ призна дека никогаш не ја преболел смртта на својата мајка. Таа имаше само 47 години кога го напушти овој свет.

– Никогаш не ми беше потешко. Ги проколнував парите, турнејата, кариерата, песната… Дури и се заколнав дека никогаш повеќе нема да земам микрофон. Се чувствував како песните да ги украде последните денови што можев да ги поминам покрај мојата најдрага личност. Кога се вратив од Бугарија и ја видов мајка ми, знаев дека часовите и’ се одбројани – изјавил пејачот. 

– Ми рече: „Синко, песната е твојот живот, лебот на твоите деца“. Знај, твојата песна им е потребна на многумина. Ни сам не знаеш колкава радост им носиш на луѓето кои никогаш не си ги запознал или видел. За мајка ти, која те научи да пееш, ти си најголема благодарност. Затоа те молам продолжи да пееш, а јас ќе се излечам со тоа што ќе замислам дека пеете и ги радувате луѓето. Вети ми дека ќе продолжиш да пееш за мене сè додека те служи грлото и те сака народот“ –  изјави пејачкот, пренесе Свет.

– Мајка ми почина на 47 години, кога јас имав 25. Многу ми е жал што не дочека да види дека сум направил нешто и постигнав нешто во мојот живот. Мислам дека од неа ги наследив сите добри особини. Ја обожавав, беше многу посветена и грижлива – истакна пејачкот за Свет.