Повторно нанотехнолошкиот уред беше прикачен на градите и грбот на Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ имаше голема битка со Андреј Рубљов во четвртфиналето на Вимблдон, каде го загуби првиот сет, а потоа го освои вториот.
Ноле ја соблече кошулата за време на паузата меѓу сетови, а фоторепортерите можеа да видат дека повторно го залепил нанотехнолошкиот уред што првпат почна да го користи за време на Ролан Гарос.
Апаратот кој чини меѓу 300 и 500 евра, Новак најмногу го става на градите, но во неколку наврати го имаше и на својот грб.
Апаратот го немаше во првото коло на Вимблдон, но го видовме нешто подоцна на дуелот против Хуберт Хуркач.
Истата направа ја имаше на градите на Ѓоковиќ и на дуелот со Рубљов, а што е интересно, апаратот му е залепен и на грбот, што можете да го погледнете во галеријата.