НОВАК ШМЕКЕРСКИ ИМ ГИ ЗАТВОРИ УСТИТЕ НА ТЕОРЕТИЧАРИТЕ НА ЗАГОВОР: Тимот ми обезбеди НАНОТЕХНОЛОГИЈА – тоа е тајната на мојот успех! Јас сум „Железниот човек“

Новак Ѓоковиќ на ироничен и духовит начин прокоментира за што служи металната плочка што ја носеше на градите за време на вториот круг на Ролан Гарос.

Новак Ѓоковиќ во средата оствари нова победа на Ролан Гарос и прескокна уште една пречка на патот до нова титула. Српскиот тенисер победи против Мартон Фучовиќ со 3:0 во сетови (7:6, 6:0, 6:3) , а еден детал од овој меч привлече огромно внимание во јавноста и ја разгоре фантазијата на бројните теоретичари на заговор.

Додека Новак го менуваше дресот за време на натпреварот, на неговите гради беше откриен детал кој заинтригира многумина.

Новак Ѓоковиќ

Имено, на градите му била залепена метална плоча која многумина ги потсетила на онаа што ја носеше познатиот лик на Марвел Тони Старк од серијата „Iron Man“.

„ Кога бев дете, сакав да го следам Iron Man, а сега го имитирам. Мојот тим ми обезбеди исклучително ефикасна нанотехнологија која ми овозможува да ја покажам мојата најдобра игра на теренот и тоа е најголемата тајна на успехот во мојата кариера. Да не беше така, немаше да седам овде “, ироничен беше српскиот ас.

Тоа е магнет за телото кој помага во ублажување на болките, а добро е познато дека Новак во последно време има проблеми со повредите.