Новак Ѓоковиќ ги шокира сите: Го затвори клубот и му ги врати тениските терени на град Белград

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на 1 јуни ќе му го врати својот Тениски центар на градот Белград.

Истовремено, тоа значи и дека неговиот клуб престанува да работи. Како што информираат од Спорт Клуб, сите во Дорќол веќе се информирани за оваа намера, нивниот работен однос ќе заврши до тој датум, а соработката ќе се одржува само со некои веќе спонзорирани играчи.

Оваа одлука е прилично шокантна бидејќи Центарот постои околу 15 години, таму се одиграни седум АТП турнири и една ВТА, како и безброј помали натпреварувања.

Тоа е и главната база за подготовките и тренинзите на Новак, но и за бројни други тенисери, и српски и странски. Од овие терени Ѓоковиќ се впушти во безброј напади на најголемите трофеи.

Засега не се познати точните причини за ваквата одлука.

Колку е шокантен и неочекуван ваквиот потег, може да се заклучи од фактот дека ТСС пред само неколку дена објави дека на терените на Центарот Новак ќе се играат дел од турнирите од програмата „Новиот век на српскиот тенис“.

Не се знае што ќе се случува на локацијата каде сега се наоѓа ТЦ Новак. Порано таму имаше тениски клуб во склоп на Спортскиот центар „Милан Гале Мушкатировиќ“. Тоа можеби ќе се дознае од официјалното соопштение.