НОВАК ЃОКОВИЌ ПЕТТИ ПАТ НАЈДОБАР СПОРТИСТ НА СВЕТОТ: Ја доби престижната награда Лауреус и го израмни рекордот

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по петти пат во историјата е добитник на наградата Лауреус, наградата за најдобар спортист во светот.

Ѓоковиќ најпрестижното спортско признание досега го има освоено во 2012, 2015, 2016 и 2019 година.

Со оваа награда Ѓоковиќ се израмни на врвот на листата со Роџер Федерер.

Негови противници беа фудбалерите Ерлинг Халанд и Лионел Меси, спортистите Арманд Дуплантис и Ноа Лајлс, како и возачот на Формула 1, Макс Верстапен.