Новак ја отвори душата! Ѓоковиќ откри што очекува од јавноста на УС Опен: Поминаа две години откако сум тука…

Новак Ѓоковиќ е на пат кон нова титула на УС Опен.

Српскиот тенисер на стартот на турнирот ќе игра против Французинот Александар Милер, моментно 85. играч на планетата, на стартот на турнирот ноќта меѓу понеделник и вторник.

Прво, Ѓоковиќ зборуваше за ривалството со Карлос Алкараз – не така одамна, Новак се пошегува дека ќе се бори со шпанскиот тенисер во следните десет години, но сега истакна дека тоа веројатно не е реално.

– Навистина не сум сигурен во тоа, но ќе се трудам што подолго да играм на високо ниво – изјави Ѓоковиќ со насмевка на лицето за Еуроспорт, а потоа додаде:

– За краток период одигравме три неверојатни натпревари, беа физички напорни, но многу возбудливи и тесни дуели. Навивачите сакаат да го видат ривалството, сакаат да видат како се борат најдобрите играчи во светот. Се надеваме дека ќе им дадеме уште еден натпревар овде во Њујорк.

Ноле откри што очекува од публиката на УС Опен.

– Очекувам голема енергија, одлична атмосфера, бидејќи тоа го доживеав во Њујорк сите овие години. Поминаа две години откако последен пат играв овде. Тоа е најголемиот стадион што го имаме во нашиот спорт; ноќните сесии се најгласни. Возбуден сум – заврши Ѓоковиќ.