Спасовски: Заедно да го изодиме патот кон иднината, онаму кадешто припаѓаме

– Да напредуваме сите заедно, да се радуваме на просперитетот на државата, заедно да го изодиме патот кон иднината, онаму кадешто припаѓаме, во европското семејство, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во честитката до повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. 

– Овој празник на Божјата Мајка говори за нејзината чистота, сила и верба во Спасението Господово, бидејќи таа, завршувајќи го земниот живот на ваков најсвет начин, била преземена со душа и тело во небесна слава. Таа е вечно жива, бидејќи ни го донела Христа, а преку него и бескрајното спасение на човековиот род. Нека добрите дела, љубовта и радоста бидат дел од нашето секојдневие, напиша Спасовски. 

Тој, на покана на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, денеска беше во посета на Берово каде го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица“  и беше пречекан од игуменот на манастирот, отец Фотиј Беровски.

Претходно, присуствуваше и на одбележувањето на Денот на рударите во Крива Паланка.