Нова женка рис лоцирана кај Стража, екологистите ќе следат каде се движи

„Луна е тешка 18 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник, таа беше пуштена на слобода “, информираат од МЕД

Македонското еколошко друштво (МЕД) доцна синоќа лоцираше нова женка рис која била пронајдена на планината Буковиќ во близина на Стража.

Животното кое го доби името Луна е пронајдено во кафез-замка која била направена минатата недела, а поставена пред само три дена.

„Тешка е 18 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако беа направени потребните прегледи и ѝ беше поставен околувратник преку кој ќе го следиме нејзиното движење, таа беше пуштена на слобода “ – информираат од МЕД.

Балканскиот рис е најреткиот од деветте подвида на евроазискиот рис и исклучиво го населува Балканот. Во природа постојат околу 100-ина возрасни единки, од кои најголем број живеат токму во македонските шуми.

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари.

TRT Balkan