Новоизбраната судијка Ана Павловска- Данева почна со извршување на работните обврски во Уставниот суд

Ана Павловска-Данева денеска ги презеде своите работни обврски како уставен судија, соопшти Уставниот суд, кој со нејзиниот избор во Собранието почна да функционира во полн состав со вкупно девет судии.

Покрај средбата со претседателката на Судот, Добрила Кацарска, судијата Ана Павловска-Данева ги запозна судиите и вработените во службата, по што активно се вклучи во тековните ангажмани и активности во Судот“, наведува Уставниот суд во соопштение. 

Согласно Уставот, мандатот на Ана Павловска-Данева како уставен судија трае девет години.