Објавени пикантни детали од брачниот договор помеѓу Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез: Условите биле целосно променети по еден немил настан, а ‘мозокот’ на текстот е познатиот агент на Португалецот
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез наводно потпишале брачен договор со кој се регулира ситуацијата во случај на раскинување, пишуваат светските магазини.
Деталите за договорот ги изготвил агентот на Кристијано Роналдо, Жорге Мендеш.
Според неколку телевизиски куќи, Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го потпишале брачниот договор во 2017 година, кога Џорџина Родригез била бремена со нивната најстара ќерка Алан Мартин, но тој бил сменет кога едно од нивните две новороденчиња починало во април 2022 година.
Во случај на развод од Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез би ја добила неговата вила во Мадрид. Покрај тоа, Кристијано Роналдо доживотно би и плаќал по 100.000 евра месечно.