“ОВА Е ДОЛГ КОН МОЈОТ ДЕДО И ТАТКО!“ – Заврши трансферот кој изгледаше како невозможна мисија: Легендата на Реал Мадрид по 18 години се врати дома

Иако нашироко го поврзуваа со трансфер во Саудиска Арабија, Турција и американската МЛС лига, Серхио Рамос (37 г.) се врати во својот матичен клуб Севиља.

Легендарниот шпански стопер ја напушти Севиља пред 18 години, а потоа одбележа ера во Реал Мадрид и во пет наврати ја освои Лигата на шампионите, а летово му истече договорот со ПСЖ. До неодамна овој трансфер изгледаше како невозможна мисија, но Серхио Рамос се согласи на значително намалување на платата и прифати да се врати таму каде што се започна.

Ова е многу посебен ден, доаѓањето дома е неопислива радост. Би било бесмислено да одам на друго место, мислам дека ова е долг кон мојот дедо и татко ми, Пуерта и многу работи кои многу ми значеа“, изјавил Серхио Рамос.