Ова е несреќната жена која синојка беше застрелана од Албанец од Македонија: Ги оставила сопругот и децата за да избега со него во Швајцарија, а тој ја убил

Жена, синоќа беше тешко ранета на патарина во Прешево, кога во неа пукал Албанец од Македонија, а потоа се самоуби во близина на Велика Дренова кај Трстеник.

Жената е родена и живеела во Велика Дренова, каде пораснала со семејството? пишува српски Блиц.

Нејзиниот татко бил Пакистанец, а според познаници веќе не се живи ниту мајка ниту татко. Имала и две сестри. Таа живеела во селото Угљарево, каде што се омажила и основала семејство пред да замине со човекот кој на крајот ја застрелал. Таа зад себе остави две деца откако замина со нејзиниот емотивен партнер.

Откако живеела во Угљарево, се преселила во Швајцарија со друг маж. Интересно е што имотот во Врњачка Бања го наследила од родителите, што дополнително фрла светлина на нејзиниот животен пат и околностите кои довеле до трагичниот настан.

По пукањето, несреќната жена била пренесена во УЗ УКЦ Ниш каде и’ биле констатирани тешки телесни повреди и тоа повреди на душникот, вратни пршлени, вметнување воздух во градната празнина и контузија на белите дробови од левата страна. Итно ѝ била укажана хируршка интервенција и моментално се наоѓа на Клиниката за интензивна нега на Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Инаку, ноќеска на наплатната рампа Прешево е застрелана жена. Таа се обидела да побегне, но мажот испукал дожд од куршуми кон неа.
Таа била примена во болницата во Врање во тешка состојба, но набрзо била пренесена во УКЦ Ниш.