Убавата тенисерка ,,го откачи” славниот пејач: Доби безобразна понуда, нејзиниот одговор уште се раскажува!

Поранешната петта тенисерка во светот и прва Канаѓанка во финалето на Грен слем, Ежени Бушар, сега откри дека еден од најпопуларните пејачи на денешницата Џастин Бибер се обидувал да ја заведе!

Сега 30-годишната беше на врвот на кариерата пред точно десет години кога стигна до финалето на Вимблдон, но тогаш беше поразена од Чехинката Петра Квитова. Се мислеше дека Бушар ќе го освои тенискиот свет, но таа набрзо се откажа од спортот.

Таа одлично заработува како модел, освои само еден турнир во кариерата, но со 2.400.000 следбеници на Инстаграм и понатаму е една од најпопуларните во светот на тенисот.

,,Не, тоа е смешна приказна. Игравме тениски меч за хуманитарни цели и тој ме замоли подоцна да се дружиме, но јас имав момче, па му реков дека нема потреба да се дружиме”, изјави Бушар.

Џастин Бибер, Ежени Бушар

Двојката играше хуманитарна тениска изложба „Desert Smesh“, а потоа Бибер се обиде да ја заведе Бушар. Неодамна Бушар испадна од топ 300 на ВТА листата и последниот меч го одигра во Гвадалахара, Мексико минатата година.