Ова е супермаркетот во кој луд човек ја убил поранешната партнерка: Ја изрешетил на каса (фото)

Полицијата и форензичарите сe уште го „чешлаат“ супермаркетот во Мерфелден-Валдорф, Германија, каде маж (48) синоќа брутално ја убил својата поранешна партнерка, а потоа се самоубил.

Убиецот испукал неколку куршуми кон несреќната жена, која работела во супермаркетот како касиерка, а потоа си го одзел животот.

Сè се случило околу 19 часот и 15 минути, додека продавницата била преполна со муштерии. Според медиумите, жртвата била на касата, а не се знае дали во тој момент послужувала некого или чекала муштерија да пријде.

Кога одекнале истрелите, во продавницата настанал хаос, а очевидци тврдат дека не можеле да го напуштат супермаркетот, бидејќи работниците ги заклучиле вратите.

Полицијата смета дека жената била убиена затоа што нејзиниот поранешен партнер не можел да се помири со раскинувањето.

,,Доказите укажуваат дека зад мотивот се крие неуспешна љубовна врска“, рече државниот обвинител и додаде дека истрагата сè уште е во тек.

Убиената жена и убиецот раскинале пред околу шест месеци, а претходно живееле заедно. Во овој момент сè уште се проверува дали имало пријави за насилство додека биле во врска, како и дали имало некакви наредби за задржување.

Убиецот, како што соопшти обвинителството, немал дозвола за оружје, а телата се испратени на обдукција. На местото на настанот полицијата пронашла неколку чаури, а засега не се знае од кое оружје се пукало.