Ова е точното време од денот кога треба да ги отворите прозорците за да избегнете влага и мувла во зима

Мувлата носи низа проблеми, меѓу кои и оние со дишење, инфекции, алергии

Според Uswitch (веб-страница која ги споредува услугите и цените во Англија), 62% од луѓето во ОК имаат проблеми со мувла во своите домови во одреден момент од животот.

Поентата е дека мувлата е предизвикана од акумулација на влага, а еден од изворите на оваа ситуација може да биде кондензацијата. Кондензација се јавува кога пареа или влага се судираат со ладна површина.

Оваа појава е поизразена во зима бидејќи кога надвор е ладно помала е веројатноста да ги отворите прозорците. Но, ако се туширате или сушите облека со затворен прозорец, тоа може да доведе до влага и мувла. Ова се случува и поради лошата вентилација во куќата, затворените прозорци или влажноста.

Петја Холевич, експерт за чистење, зборуваше за The Sun за најдобрите практики кога станува збор за вентилација во домот. Таа истакна дека идеално време за отворање на прозорците е во најтоплиот дел од денот, бидејќи ова е најдобро време кога воздухот надвор е посув.

Експертот советуваше да се отворат прозорците или доцна наутро или рано попладне. Значи со поедноставни зборови, не премногу рано наутро и не премногу доцна попладне.

Со проветрување на куќата во ова време, дозволувате свеж воздух да циркулира низ куќата, што помага да се отстрани влажноста без потреба од дополнително загревање, наведува Anabel.

Нема што да изгубите ако го пробате!