Гир му честита на Џафер: Очекувам да соработуваме со новиот владин состав

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир преку објава на социјалната мрежа „Х“ го честиташе изборот на преодната влада на чело со Талат Џафер.

Гир напиша дека со нетрпение очекува да работи со новата влада.

„Честитки до премиерот Џафери за неговиот избор за премиер. Очекуваме блиска соработка со него и со новата влада во овој важен момент во односите меѓу Македонија и ЕУ“, напиша Гир.

Талат Џафери вчера е избран за премиер на техничката влада, која има мандат од 100 дена и е одговорна за организирање редовни парламентарни избори, кои ќе се одржат на 8 мај.