ОВА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ САМО НА БАЛКАНОТ – Хорор во Косово: Пациент дошол да извади заб и починал во дворот на ординацијата! Уапсени стоматолог и ‘сестра’ кои завршиле кројачко училиште!

Еден пациент починал по вадење заб во Ѓаковица, град во западниот дел на Косово. Едномесечен притвор и е одреден на приватна стоматолошка ординација односно на стоматологот, а на неговата медицинска сестра од Малишево и е одреден куќен притвор од еден месец, јавуваат соседните медиуми.

Стоматологот е осомничен за несовесно постапување и незаконско вршење на дејноста, а медицинската сестра за неовластено вршење на медицински услуги поради фалсификување на исправа. Имено, медицинската сестра завршила кројачко училиште, па немала соодветна стручна подготовка за давање медицински услуги.

Во ординацијата биле пронајдени 18 свидетелства и дипломи заверени со фалсификувани печати на средното медицинско училиште и на медицинскиот факултет во Косово.

За време на вадењето заб, стоматологот користел несоодветни методи на лекување. Пациентот Л. Ш. починал во дворот на ординацијата по вадење заб, а во болницата во Малишево утврдиле дека смртта настапила поради примена на несоодветни методи и терапија што ја користел стоматологот при вадење на заб, јавуваат косовските медиуми.