ОВИЕ ХРАНИ ВЕЌЕ НЕМА ДА ИМААТ ДАТУМ НА ИСТЕКУВАЊЕ: Германија прави револуција, министерот ги откри деталите, државата има ЈАСНА ЦЕЛ

Германија има намера да го укине рокот за одредени намирници!

Локалните медиуми јавуваат дека министерот за земјоделство Џем Оздемир се одлучил на овој чекор бидејќи сака да ја намали количината на залудно потрошена храна.

Етикетата „најдобро да се употреби до..“ збунува многумина од нас, поради што се фрла голема количина храна иако се уште може да се јаде. Оздемир сега сака да го укине рокот, но само за одредени намирници!

ПОМАЛКУ ХРАНА ЌЕ ЗАВРШИ ВО ЃУБРЕ

Чај, ориз, мед… Многу намирници имаат многу долг рок на траење , а според Оздемирова тоа воопшто не е потребно.

– Тоа треба да придонесе многу помалку да се троши храната. Потребна ни е обврзувачка листа на исклучоци за одредени производи кои сега се на полиците – рече Оздемир пред средбата со колегите од ЕУ во Луксембург.

„ПОТПОЛНО БЕСМИСЛЕНО“

Оздемир, кој е од редовите на Зелените, смета дека е сосема бесмислено долговечните намирници да имаат рок на траење. Тој наведува и дека е одговорност на Комисијата на ЕУ да предложи обврзувачки регулативи.

Според Комисијата, речиси 59 милиони тони отпад од храна се генерира секоја година во ЕУ. Тоа изнесува околу 130 килограми по жител.