Парис Хилтон им одговори на хејтерите: Мојот син е здрав, само има голем мозок

Парис Хилтон им одговори на хејтерите кои го коментираа изгледот на нејзиниот син Феникс на неодамна објавените фотографии .

„Има некои болни луѓе на овој свет. Мојот ангел е совршено здрав. И да, секако дека бил на лекар, едноставно има голем мозок“, напиша таа на TikTok.

Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка. Ова е прво дете на Парис, додека нејзиниот сопруг Картер Реум веќе има ќерка (10) со ријалити ѕвездата Лаура Белизи. Момчето има девет месеци и неодамна првпат го посети Њујорк со својата мајка.