Ослабела 17 килограми без да се изгладнува: Ова е диетата што Лепа Брена ја користела за да ослабе и да има витка снага како тинејџерка (ФОТО)

Лепа Брена со децении е позната како една од најубавите пејачки во регионот иако не е баш млада.

Таа зачекорува во 7-мата деценија од животот и покрај тоа, сепак изгледа многу убаво, негувано, а на линијата би можеле да и’ позавидат и многу помладите колешки. Во еден период од животот сфатила дека има проблем со вишокот килограми, а бројот на килограми што треба да се изгуби бил двоцифрен. Имено, таа имала речиси 20 килограми прекумерна тежина, но тоа не ја спречило да ја достигне целта и да стане вистинска „бомба“.

Еднаш решила да ја открие својата тајна за здраво слабеење и како успеала да изгуби 17 килограми за само 6 месеци без да се изгладнува.

– Вообичаено јадев едно или две јајца наутро. Барав органски јајца. Ручекот беше обично посна супа без маснотии и тестенини. Всушност, тоа беше само вода во која зеленчукот беше само натопен, а не сварен, за да не добијам ниту еден витамин. За ручек јадела и месо, кое било печено на скара или варено. За вечера Брена јадела парче риба или месо, со салата – изјави тогаш Брена.

Потоа решила целосно да го промени начинот на исхрана и да усвои навики кои ги практикува и денес.

– Нездравата храна за мене е минато. Масни производи не доаѓа предвид! Не јадам колачи и се чувствувам многу подобро. Сè што подготвувам, готвам на вода, без капка масло. Успеав и Боб да го направам „зависен“ од здрава храна. Сега и нему му се допаѓа – изјави претходно пејачката спомнувајќи го сопругот Бобо Живојиновиќ.

Покрај промената на начинот на исхрана, Брена во последните години почна и редовно да тренира.