Османи: ДУИ нема да биде дел од идната влада ако има еден глас помалку од која било друга партија

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 рече дека ДУИ нема да биде дел од идната Влада доколку има еден глас помалку од друга партија.

Тој изјави дека неговата партија не ја сака власта по секоја цена и дека Албанците не можат да бидат претставени поинаку освен како победници.

„Видете, 1 глас помалку од која било друга политичка партија, од денеска потпишувам во име на ДУИ, во име на Али Ахмети како нејзин портпарол, како потпретседател, дека ДУИ ќе потпише дека нема да биде дел од Владата под никакви услови. Албанците не можат да бидат претставени во Владата на друг начин освен како победници“, рече Османи.