Отворен Новогодишен базар во Струмица

Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ попладнево на Градскиот плоштад беше отворен Новогодишниот базар Струмица 2024.

Како што информираа од Општината, Новогодишниот базар е уште едно предновогодишно изненадување и надополнување на предновогодишната атмосфера од градоначалникот Костадин Костадинов и Општина Струмица.

Покрај детската претстава и настапот на Горан Алиќ, граѓаните можеа да уживаат и во топлите пијалоци, вкусната храна, најразличните рачни изработки кои се нудеа од петте дрвени куќички специјално поставени за оваа намена на плоштадот.

Новогодишниот базар ќе биде отворен до 30 декември и нуди забава за сечиј вкус со настапи во живо извонредна забава и уживање во „COCA COLA“ караванот