„Земјотрес“ во Англија: Британски милијардер купи удел во Манчестер Јунајтед!

Британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф се согласи да купи 25 отсто од акциите на Манчестер Јунајтед, вреден 1.250.000.000 фунти!

Како дел од договорот, „Инеос груп“ на Ретклиф ќе ја преземе контролата врз фудбалските „операции“ на клубот, пренесува „Би-Би-Си“.

Дополнително, Ретклиф ќе обезбеди 300.000.000 долари за идни инвестиции на „Олд Трафорд“.

Објавата дојде 13 месеци откако сопствениците на клубот, семејството Глејзер, изјавија дека размислуваат за продажба на клубот.