Откриена е причината за смртта на позната актерка на која на 36-годишна возраст ненадејно ѝ бил скратен животот

Софи Андерсон почина на 36 години само две недели по смртта на нејзиното момче Оливер Спединг, поранешен играч на Кристал Палас кој го замени фудбалот за порно филмови.

Весникот „Сан“ објави дека Софи Андерсон, која тврдела дека спиела со десетици илјади мажи за време на нејзината кариера како актерка во филмови за возрасни, починала претходно оваа недела.

Актерката Ребека Мур, чие вистинско име е Ребека Џонс, ја потврди смртта на Софи Андерсон.

– Се згрозувам кога ја слушам страшната вест за смртта на Софија. Поминавме неверојатно време заедно, и така ќе ја паметам – напиша таа.

Минатата година Софи Андерсон претрпе сериозни здравствени проблеми кога имаше опасна инфекција на левата дојка, предизвикана од силиконските импланти на градите, пренесува „Марка“.