ОТКРИЕНО КАКО ДЕЦАТА ПРЕЖИВУВАЛЕ САМИ ВО ЏУНГЛА 40 ДЕНА ,ТАА ги одржувала во живот пет недели! Една работа беше пресудна (ФОТО)

Четири деца, кои беа пронајдени живи на југот на Колумбија, пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла , се во болница во Богота и се во стабилна состојба.

Децата се измалтретирани, но среќни, велат нивните блиски кои не можат да ја опишат нивната среќа што малечките се пронајдени по повеќе од 40 дена.

– Ги видов моите внуци. Што е најважно, тие имаат живот во себе. Иако се многу исцрпени, тие се во добри раце – изјавила нивната баба Фиденсио Валенсија.

И дедото на малиот е пресреќен.

Колумбија, џунгла

„Среќни се што го гледаат своето семејство. Добри се. Тие се деца на дивината, знаат како да преживеат во џунглата“, вели гордиот дедо.

Децата, кои се членови на племето Уито, биле спасени во петокот откако 40 дена талкале во џунглата. Едногодишната Кристина, Солеини (9) и Тиен Нориел (4) се живи благодарение на нивната сестра Лесли (13), која е вистинска хероина.

– Преживеаја јадејќи брашно , кое го нашле во авионот, а потоа јаделе семки – вели дедото.

А бабата вели дека борбеноста на нејзината најстара внука била пресудна за децата да преживеат во ужасите на џунглата.

 Обично таа се грижела за своите браќа и сестри кога нивната мајка била на работа. Им дала да го изедат тоа брашно, малку леб што имало и бобинки што ги нашле – вели бабата.

Децата биле пронајдени на околу пет километри од урнатините на авионот Цесна во кој летале децата со нивната мајка и уште двајца возрасни.

Според Националната организација на американските индијански народи на Колумбија, важен фактор што одиграл улога во нивниот опстанок е фактот дека тие се домородни.

„Токму оваа посебна врска со природата ги дефинира. Преживувањето на овие деца е сведоштво за знаењето и односот што домородното население го одржува со природата, врска што се учи уште од времето кога се во утробата на нивната мајка“, се вели во соопштението.