ПРВИ СНИМКИ ОД РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈАПОНИЈА: Се слушна силен татнеж, и се почна да се тресе! Бетонот на улиците пука, луѓето ПАНИЧНО бегаат

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Јапонија.

На првите видеа кои кружат на социјалните мрежи, а на кои наводно се гледаат моментите по земјотресот, на островот Хокаидо се слуша силен татнеж, по што зградите почнуваат да се тресат.

Како што соопшти EMSC, земјотресот се случил на длабочина од 112 километри, а епицентарот бил токму во Хокаидо.

Сè уште нема предупредувања за цунами.