ОТКРИЕНО КОЈ Е МЛАДИОТ ЧОВЕК КОЈ САКАЛ ДА ЈА ОТВОРИ АВИОНСКАТА ВРАТА НА ЛЕТОТ ОД ЗАДАР: Таткото по инцидентот итно пристигнал во Хрватска
Полудениот турист (27) од Велика Британија кој беше уапсен кога се обидел насилно да ја отвори авионската врата на аеродромот во Задар наскоро може да биде префрлен во психијатриска болница.
Младиќ е уапсен и осомничен за кривично дело напад врз службено лице и прекршок против јавниот ред и мир. Полицијата соопшти дека тој цело време при апсењето давал отпор и дека полесно повредил полицаец.
Хрватскиот РТЛ неофицијално дознава дека младиот човек не бил комуникативен за време на рочиштето и дека е можно судијата повторно да го испрати на психијатрија. Неговата девојка и татко пристигнале во Хрватска и се многу загрижени.
Хрватските медиуми јавуваат дека поремениот млад човек кој се враќал од фестивалот на електронска музика во Зрќ е професионален боксер од Велика Британија, но неговиот идентитет засега не е соопштен.
@p_xj_ #ryanair #croatia #london #uk #hideout ♬ original sound – JP🌸
Во петокот, пред да полета авионот, младиот човек бил дрзок и се обидел насилно да ја отвори вратата од авионот на аеродромот во Задар .
Полицијата соопшти дека при апсењето и приведувањето на суд, Британецот цело време давал отпор , поради што биле употребени и присилни мерки. Поради расеаната состојба, судијата веднаш го испратил во болница, но младиот човек физички ги нападнал полициските службеници во службеното возило и на клиниката и се обидел да се самоповреди.
За потсетување, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како млад турист од Велика Британија одеднаш станува и се обидува да ја отвори вратата од авионот пред шокираните патници.
@officialgeorgeyboy1 Win some loose some #fyp #foryourpage #hideoutfestival ♬ original sound – TheOfficialGeorgeyboy
Младиот човек, кој според хрватските медиуми очигледно бил под дејство на наркотици, најпрвин почнал да вика нешто, по што претрчал покрај стјуардесата и истрчал кон вратата, но двајца патници скокнале врз него и успеале да го спречат.