ОФИЦИЈАЛНО- Брозовиќ потпиша историски договор за хрватскиот фудбал и му се приклучи на Ал Наср на Роналдо

Одличниот хрватски репрезентативец Марсело Брозовиќ и официјално го напушти Интер и потпиша за Саудиска Ал Наср, потврдија клубовите на своите веб-страници.

Сагата околу трансферот на Марсело Брозовиќ во Саудиска Арабија конечно заврши, а богатиот Ал Наср штотуку го претстави хрватскиот играч за врска кој пристигнува од Италија.

Овој 30-годишен играч од средниот ред, кој остави длабока трага во Интер, по осум години го напушти стадионот „Џузепе Меаца“ и реши да се пресели во Саудиска Арабија, во клубот во кој игра Кристијано Роналдо.

Најголем проблем во преговорите беше обештетувањето за Хрватот, а на крајот клубовите се договорија на Интер да му бидат исплатени 18 милиони евра.

Вчера Брозовиќ беше на лекарски прегледи и комплетирана документација во Париз. Преговорите во неколку наврати запираа, но на крајот се беше завршено како што сакаа сите страни.

Овој хрватски фудбалер во Ал Наср ќе заработува 28 милиони евра годишно, што е рекорд за играч од неговата земја. Тој потпиша тригодишен договор.

Наскоро се очекува неговото пристигнување во Ријад, каде ќе се одржи презентација. На официјалните профили на Ал Наср е претставен со зборовите: „Ние го сакавме, тој не сакаше нас“.