Песков: Западот не е подготвен за мировни иницијативи за Украина

 Западот сè уште не покажува подготвеност за мировни иницијативи за ситуацијата во Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за телевизијата „Росија 1“.

– Засега колективниот Запад не е подготвен ниту отворен за мировни иницијативи, рече тој.

Тој смета дека идејата на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко за разговорите меѓу рускиот и американскиот лидер Владимир Путин и Џозеф Бајден тешко дека ќе добие поддршка на Запад.