Сладоледот е еден од најпопуларните десерти во светот, во неговиот вкус уживаат и децата и возрасните. Без разлика дали е во корнет или на стапче, тешко е да му одолеете особено во текот на летните горештини.
Постојат неколку корисни придобивки од јадењето сладолед кои можеби не сте ги знаеле, а се научно докажани.
Може да помогне во борбата против неплодност
Според студија од Харвард објавена во Human Reproduction, консумирањето полномасно млеко или сладолед може да ги зголеми шансите да добиете дете. Жените кои учествувале во студијата и јаделе сладолед од полномасно млеко двапати или повеќе пати неделно имале за 38% помал ризик од неплодност поврзани со овулација отколку жените кои јаделе полномасен сладолед помалку од еднаш неделно.
Може да го намали ризикот од рак
Сладоледот има висок процент на калциум и тоа може да помогне да ги намали шансите за добивање рак на дебелото црево. Калциумот штити од висок ризик од развој на полип кој може да доведе до рак на дебелото црево.
Може да помогне да ослабите
Повеќето луѓе мислат дека се дебелеат од сладоледот. Секако тоа е можно ако не сте умерени. Но, нова студија објавена во American Journal of Clinical Nutrition откри дека жените кои јаделе барем една порција полномасен сладолед дневно добивале помалку на тежина од оние кои не јаделе. Како е ова можно? Телото мора напорно да работи за да се загрее повторно по консумирање ладен сладолед, а тој процес согорува калории и маснотии.
Ви дава налет на енергија
Со оглед ан тоа дека сладоледот е богат со јаглехидрати, масти и протеини, му помага на телото во производство на енергија. Протеините присутни во сладоледот помагаат телото да изгради или излекува оштетено мускулно ткиво.
Добро соработува со хемикалиите во мозокот
Сладоледот стимулира производство на серотонин, хемикалија одговорна за помош при спиење, учење и добро расположение. Допаминот исто така се ослободува кога јадете сладолед, а тој е природен стимуланс на расположението, одговорен за чувството на задоволство и среќа.