Пилотот сними страшен момент: Огромна птица го проби стаклото и влета во пилотската кабина! Цела кабина беше со крв (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Пилот од Еквадор снимил шокантен момент за време на летот кога огромна птица ја пробила шофершајбната и влетала во кабината!

Инцидентот е снимен за време на лет над провинцијата Лос Риос, а на видеото се гледа мртвата птица заглавена во стаклото по судирот со леталото.

Дамки од крв може да се забележат и на комбинезонот на пилотот Ариел Валиенте, чие лице е облеано во крв.

И покрај судирот, Валијанте успеал да ја одржи стабилноста на авионот.

Засега не е познато со кој вид птица се судрил Валиенте.