ПМФЛ: Само бод за Струга на гостувањето кај Скопје

 – Лидерот Струга одигра попладнево нерешено 1-1 на гостувањето кај Скопје, во еден од петте натпревари од 26 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). 

Актуелниот првак Шкупи со шест голови за триесет минути во второто полувреме ја совлада Победа на гостински терен (0-6), додека Брегалница беше поуспешна пред своите гледачи од Македонија ЃП со 2-1. 

Без голови завршија натпреварите меѓу Академија Пандев – Работнички и Тиквеш – Силекс. 

Слободна во ова коло беше Шкендија. 

Табела: Струга 50, Шкупи 45, Шкендија 44, Силекс 39, Брегалница 36, Македонија ЃП 32, Тиквеш 30, Работнички 25, Академија Пандев 21, Скопје 18, Победа 13.