Овој човек има очи и на грбот! Јокиќ се надмина себе си – Србинот направи уште една магична асистенција! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер претрпеа пораз од Јута (118:114) во меч кој немаше никакво значење за тимот од Колорадо, бидејќи веќе го обезбедија лидерското место во регуларниот дел од сезоната.

И покрај одиграната помала минутажа и слабиот поентерски меч, Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието. Српскиот ас направи потег кој го одбележа мечот.

Во третата четвртина мајсторски се справи со една исклучително тешка ситуација и со нереално додавање од зад грб му сервирашетопка на соиграчот Мајкл Портер Јуниор.

Имено, Гордон во контранапад му уфрли силно додавање од цел терен. Топката излегуваше во аут, но Јокиќ во последен момент успеа да ја фати и без да погледне ја фрли пред Портер.

Оваа асистенција, вкупно 10-та на натпреварот, предизвика бројни коментари кај воодушевените кошаркарски фанови на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Никола мечот го заврши со 6 поени, 10 скока и 10 асистенции.