Повреден пешак на крстосницата од улиците „Васил Главинов“ и „Максим Горки“ во Скопје

На крстосницата од улиците „Васил Главинов“ и „Максим Горки“ во Скопје ноќеска патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, удрило во пешак кој со тешки телесни повредени бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.