Поради напад на кашлица папата повторно не одржа говор во Ватикан

Папата Франциск денеска имаше нов напад на кашлање за време на настан во Ватикан и повторно не можеше да го прочита својот говор, јавија француските медиуми.

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска требаше со говор да го означи почетокот на работата на правосудните органи во Ватикан, но кашлањето не му дозволи да го прочита однапред подготвениот говор.

Папата Франциск се извини што не можеше да зборува и додаде дека боледува од бронхитис.

Тој неодамна откажа неколку настани, но минатата недела ја одржа редовната општа аудиенција и служеше литургија.

Папата во среда посети болница во Рим поради грип, кога му беа направени тестирања.

За денеска е најавена приватна средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.