Познатата актерка се “скрши”, не го сака назад: Ја посрамоти и ја остави по 11 години брак

Двајцата актери беа во брак 11 години, до минатиот Божиќ кога тој се исели од нивниот заеднички дом. Иако наводно ја завршил аферата, ѕвездата на популарната серија не сака помирување.

Само неколку недели по веста за разделбата на двојката, Ејми Нутал, ѕвездата од серијата „Downton Abbey“, побара развод од нејзиниот сопруг Ендрју Бјукен, познат по улогата на Марк Латимер во серијата „Broadchurch“, по 11 години бракАктерката неодамна беше видена без бурмата, откако се шпекулираше дека нејзиниот партнер го напуштил семејниот дом за време на Божиќ за да продолжи со аферата со актерката Лејла Фарзад , со која работеше на серијата “Better“ на BBC.

Во нов развој на настаните, измамената актерка ги презеде работите во свои раце и одлучи официјално да го прекине нивниот брак, како и да го бара она што и припаѓа. Ендру и Ејми се венчаа во 2012 година и имаат две деца, син и ќерка. Пријателите на актерката открија дека Ејми по првичниот шок била уништена, но дека сега е подготвена да ја преземе контролата, што го покажала со преземањето на иницијативата околу разводот.

Иако не е познато дали Ендру и неговата љубовница се уште се заедно, The Sun пренесува дека врската не траела, но фактот дека тој ја прекинал аферата не менува ништо за Ејми.

“Таа му кажа дека сепак сака развод. Јавно ја понижуваа, а болката беше неподнослива. Мислеше дека работи, но всушност често беше во хотели со Лејла. Откако ја дозна вистината, се почувствува како да била прегазена од воз. Сега одлучи да ја преземе контролата и ја планира својата иднина. Тргна по легалниот пат и ќе бара се што и следува”, рекол близок пријател на актерката.

Се верува дека актерот Ендрју (44) го напуштил семејниот дом и се преселил кај Лејла (40), откако се поврзале на снимањето на серијата на Би-Би-Си “Better” Таа се омажи за својот сопруг Џејмс Мејзелс во 2013 година, една година подоцна добија ќерка, но не се знае дали и кога се разделиле.