Познат боксер застрелан во врат! Хорор во Берлин: Ова е мафијашка пресметка, спортистот е префрлен во болница во критична состојба

Страшна вест стигна од Берлин каде беше застрелан познатиот боксер Ибрахим Ајада.

Локалниот „Билд“ јавува дека пукањето се случило околу 4 часот и 30 минути наутро и дека боксерот е во критична состојба.

Нападот врз Ибрахим го извршиле две лица кои во текот на вечерта се возеле во автомобил со затемнети стакла и холандски регистарски таблички.

Се сомнева дека тоа е дел од мафијашка пресметка, бидејќи боксерот по завршувањето на кариерата често бил виден во круговите на клановите во главниот град на Германија.

„Билд“ пренесува дека во престрелката најмалку еден куршум го погодил Ибрахим во вратот. Тој бил пренесен во болница, по што итно бил опериран.

Ајада ја заврши кариерата во 2020 година