ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО САД – Ова е човекот од кој сега зависи насоката на војната во Украина

Претставничкиот дом на САД во средата го избра републиканецот Мајк Џонсон, конзервативец со мало лидерско искуство, за свој спикер по турбулентните три недели што го оставија законодавниот орган (не)способен да одговори на кризата на Блискиот Исток или да изврши некоја од неговите основни должности.

Со 220 гласа „за“ и 209 „против“, конгресменот Мајк Џонсон (51 г.), кој го “отслужува” својот трет мандат, е избран за претседател на Претставничкиот дом.

слика
Мајк Џонсон

Местото е празно откако Кевин Мекарти беше сменет на 3. октомври од мала група тврдокорни републиканци, огорчени од договорот на Кевин Мекарти со демократите што спречи делумно блокирање на Владата.

Во неделите што следеа, републиканците, кои имаат тенко мнозинство во Претставничкиот дом, разгледаа и отфрлија три можни замени пред да се договорат за Мајк Џонсон, адвокат од Луизијана, поддржан од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој со години се залагаше за конзервативна политика, како на пример – редовни молитви во училиштата.

Првпат избран во Конгресот е во 2016 година, а тоа Мајк Џонсон го прави претседател на Претставничкиот дом со најмалку политичко искуство во последните децении.

Како нов прв човек на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон ќе мора да одговори на барањето на демократскиот претседател Џо Бајден да потроши 106 милијарди долари за помош за Израел, Украина и безбедноста на американската граница. Односно, тој е тој што го става предлогот на дебата и гласање во Претставничкиот дом, а од него се очекува и да ги води републиканците како да гласаат за него.

Додека неговите републиканци генерално го поддржуваат финансирањето на Израел и американската граница, тие се поделени околу континуираната поддршка за Украина.

Републиканците строго го контролираат Претставничкиот дом со 221 претставник, додека демократите имаат 212. Поради ова, тие имаат мал простор за грешка при гласањето за спорни прашања. Нивните поделби беа видливи во последните неколку недели. Тројца републикански кандидати не ги обезбедија потребните 217 гласови за претседател на Претставничкиот дом.

Минатиот четврток Џо Бајден побара американска поддршка за нов пакет помош од милијарди долари за Израел и Украина. Тој сака да испрати помош по итна постапка, а се проценува дека новиот пакет е вреден 106 милијарди долари. Средствата ќе бидат доделени за Израел, Украина, Тајван и безбедноста на порозната американско-мексиканска граница. Од споменатите 106 милијарди, Украина би можела да добие 60, а Израел 14 милијарди. Тие 60 милијарди долари, од кои повеќето ќе одат за оружје и муниција, ќе претставуваат клучна помош за Киев следната година.

Мајк Џонсон претходно беше донекаде противник на финансирањето за Украина, но затоа тој од се срце го поддржува Израел.

Како што пишува американскиот политички портал Hill, Мајк Џонсон веднаш на почетокот на руската инвазија силно ја поддржал Украина во нејзините напори воено да и се одмазди на Русија и се залагал за воведување исцрпувачки санкции кон Москва.

Молитвите на САД се со украинскиот народ, Русија мора да биде исклучена од глобалната трговија и меѓународните институции“, порача тогаш тој.

Во април 2022 година, тој гласаше за Законот за одбрана на демократијата во Украина, кој беше донесен за да се олесни процесот на испраќање воена помош за Украина, кој подоцна беше потпишан од Џо Бајден.

Неодамна, сепак, со скептицизам коментираше за испраќање помош за Украина. Тој гласаше против два различни нацрт-закони за резервации на средства за Украина.

Во февруари тој коментираше на социјалната мрежа Х (Твитер) дека американските даночни обврзници испратиле повеќе од 100 милијарди долари помош за Украина минатата година.

Тие заслужуваат да знаат дали украинската влада е целосно транспарентна кога користи огромна сума пари“, напиша тој.

Од друга страна, Мајк Џонсон му дава силна поддршка на Израел во конфликтот со милитантната група Хамас.

Соединетите Американски Држави недвосмислено стојат покрај Израел и ќе ги обезбедиме поддршката и ресурсите неопходни за ослободување на Блискиот Исток и остатокот од светот од терористичкиот режим на Хамас“, изјави тој неодамна за американските медиуми.

Придружете ни се во молитвата за нашите пријатели и сојузници во Израел“, кажа Мајк Џонсон.

слика
Мајк Џонсон

Мајк Џонсон беше отворен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп и треба да се запомни дека тој беше клучна фигура во Конгресот во неуспешните обиди да се отфрлат изборите во 2020 година на кои победи Џо Бајден.

Откако стана јасно дека Џо Бајден е победник на претседателските избори, Мајк Џонсон силно го поддржа Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Само што му се јавив на претседателот Доналд Трамп и му реков: ‘Остани силен и продолжи да се бориш! Нацијата зависи од вашата определба’. Мора да го искористиме секој расположлив правен лек за да ја вратиме довербата на Американците во интегритетот на нашиот изборен систем“, напиша Мајк Џонсон на 7. ноември 2020 година, кој деновиве беше поддржан од Доналд Трамп во трката за претседател на Претставничкиот дом.

Кога Мајк Џонсон беше прашан од новинарите за неговата поддршка за Доналд Трамп кога се обиде да ги оспори изборните резултати кон крајот на 2020 година, тој не сакаше да зборува за тоа. Тој одмавна со главата со слабо смеење и само кажа: „Следно прашање“.