Полицијата со денови ја бара мистериозната жена од фотографијата: Од туѓа сметка подигнала 1,3 милиони евра!

Снимката од надзорните камери јасно ја забележала измамничката

Црногорската полиција трага по жена која на 12 април со фалсификувани документи на клиент на Ловќен банка и подигнала 1,3 милиони евра од сметката.

Според информациите на црногорски „Вијести“, таа банкарска институција ја известила полицијата еден ден подоцна, кога Будванка М.О рекла дека не барала парите да и бидат исплатени од нејзината жиро сметка.

Од полицијата неофицијално информираат дека тогаш било констатирано дека парите ги дале на лице кое приложило фалсификувана лична карта.

Измамничката наводно на 11 април најавила дека ќе ја повлече заштедата во филијалата на банката во Херцег Нови, од каде со оглед на тоа дека се работи за голема сума, ја известиле кога да дојде. Еден ден подоцна влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала.

Измамата била откриена кога документите биле испратени до централната банка во Подгорица, од каде стапиле во контакт со клиентот, кој ги известил дека не дошла во Црна Гора повеќе од една година.

„По наредба на обвинителот се преземаат мерки и дејствија за откривање на непознатото лице кое ја извршило измамата. Исклучени се снимките од надзорните камери кои јасно го забележале сторителот“, неофицијално соопштија од полицијата.

Внатрешна истрага се води и во банката каде е извршена измамата.