Поради Драгана Мирковиќ ангажиран приватен детектив во Виена во потрага по малата Данка Илиќ

Пејачката Драгана Мирковиќ е многу заинтересирана за случајот со исчезнатата Данка Илиќ, а, како што пренесуваат медиумите, ангажиран е и приватен детектив, кој се обидува да открие што се случило со Данка и каде е, под услов да е таа на видеото снимено во Виена.

– Благодарам на амбасадорот (Србија во Виена) кој е свесен колку се трудев, споделував, дури правев некои работи приватно, со еден мој пријател. Однесен е дури и детектив – рекла Драгана.

Драгана Мирковиќ, Данка Илиќ

– Во договор, секако, со мене, затоа што гледа колку ми се грижам , колку ми е… Ангажира приватен детектив да проба, да види каде, што и како. Можам да го кажам и името, тоа е Дими, познат бизнисмен и наш семеен пријател долги години – објаснила Драгана.

– Сите навистина се трудиме, максимално. Искрено се надевам дека детето ќе се најде, тоа е апсолутен приоритет, само се молам на Бога се да биде како што треба. Вам, како и на новинарите, ви благодарам што му давате важност на тоа да заврши што поскоро. Искрено се надевам дека Австрија ќе биде нејзината последна станица, пред да ја вратиме дома.