ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ФИНСКА: Во нападот загина дете (12), двајца повредени, момче (13) уапсено (ФОТО)

Вооружен инцидент е во тек во училиште во финскиот град Вантаа, соопшти полицијата.

Неколку луѓе се ранети, пишува Дејли Мејл.

Финските медиуми јавуваат дека три деца се повредени.

Осомничениот е уапсен во брза полициска акција, се вели во соопштението за печатот на финската полиција.

Според финските медиуми, станува збор за 13-годишен напаѓач.

Во соопштението се наведува дека полицијата одговорила на повикот и дека истрагата за инцидентот е во тек во училиштето „Виертола“.

Жителите од околните населби од полицијата добија совет да не излегуваат од домовите.

Финската новинска агенција „ЈЛЕ“ наведува дека во училиштето работат околу деведесет лица и има околу 800 ученици.