Поранешниот премиер на Косово упати тешки зборови кон Албин Курти: “САД и ЕУ нема да дозволат да се повлече без да ги имплементира договорите со Србија!“

Поранешниот премиер на Косово, Иса Мустафа, вели дека не очекува дека во наредните десет години може да се дојде до конечен договор за решавање на споровите меѓу Косово и Србија.

Во денешната изјава за веб-порталот GazetaBlic, Иса Мустафа оцени дека главна пречка за постигнување конечен договор меѓу Приштина и Косово е неодговорноста на актуелната косовска власт, предводена од премиерот Албин Курти.

Според него, Косово сега е претворено во проблем за меѓународната безбедност.

Ниту во десетгодишен хоризонт не го гледам конечниот договор. Сето тоа поради неодговорноста на оваа власт. Никој, ниту Соединетите Американски Држави, ниту Европската унија, ниту Велика Британија не зборуваат веќе ниту за тоа, ниту пак за меѓусебно признавање (меѓу Косово и Србија). Косово сега е претворено во безбедносен проблем“, изјави Иса Мустафа.

Поранешниот премиер и поранешен лидер на сега опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) смета дека, и доколку Албин Курти сака да поднесе оставка и да не ги спроведе договорите со Србија, тоа нема да му биде дозволено од меѓународната заедница.

Не станува збор само за мерките за деескалација на состојбата на север, туку за исполнување на договорите кои Албин Курти ги прифати во име на Косово. Се чини дека, и кога Албин Курти би сакал да поднесе оставка и да не ги спроведе договорите, тоа нема да му го дозволи меѓународната заедница, пред да почне да ги имплементира истите тие договори со чие спротивставување дојде на власт“, изјави Иса Мустафа