ПОТЕГОТ НА НЕЈМАР ВООПШТО НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА НАВИВАЧИТЕ НА ПСЖ И МБАПЕ! А ТОА Е САМО ДЕН ПО ГОЛЕМОТО РАЗОЧАРУВАЊЕ

Една од најголемите ѕвезди на ПСЖ брзо го преболи поразот од Баерн во Лигата на шампионите

По поразот од Баерн на домашен терен од 1:0, фудбалерите на ПСЖ мораа да им се извинат на навивачите, тренерот Кристоф Галтие повика на мобилизација, а Килијан Мбапе одржа говор во соблекувалната и подоцна вети дека работите ќе се сменат на подобро.

Еден од најлошите играчи на теренот против Баерн беше Нејмар, кој беше оценет со тројка од L’Equipe.

Сето тоа не го погоди премногу, откако еден ден подоцна учествуваше на турнир во покер во парискиот хотел „Хајат Реџенси“ за кој влезот изнесуваше „само“ 10.000 евра. А по турнирот реши да се почести во Мекдоналдс. И сето тоа по говорот на Мбапе во кој од соиграчите побара максимална сериозност и концентрација.

„Сите наши играчи мора да бидат здрави и во добра форма за реваншот. Секој мора да јаде и да спие добро. Одморот е исто така важен и сето тоа мора да го почитуваме максимално“, рече меѓу другото Мбапе.

А еден ден подоцна, Нејмар завршува со излегување до раните утрински часови. Многумина тоа го толкуваа на начин што тој намерно ги игнорираше зборовите на француската ѕвезда во пркос на него.