Потресни сцени пред куќата на Метју Пери: Мајката и таткото на познатиот актер се скршени од болка – таму ,,врие” од полиција (фото)

Родителите на Метју Пери (54), американскиот актер кој сите го знаеме по улогата на Чендлер Бинг во серијата „Пријатели“, пристигнаа пред неговиот дом во Лос Анџелес, каде славниот актер беше пронајден мртов.

Метју Пери бил пронајден без знаци на живот во џакузито, а веднаш по пријавата на лице место пристигнала и полицијата која го блокирала пристапот до куќата. Само најблиските членови на неговото семејство можеле да одат во замокот на Пери, а неговата мајка Сузан и очувот Кит Морисон биле видно потресени.

На местото на настанот е и таткото на Метју, Џон Бенет Пери, кој пристигнал веднаш по полициските екипи. Фоторепортерите го фотографираа и возилото на судскиот совет, а во близина на куќата се собраа пријателите на Метју, како и бројни обожаватели.

Медиумите пишуваат дека токму мајката Сузана морала да го идентификува неговото тело.

Да потсетиме, Пери очигледно се удави во својата када. Полицијата во 16 часот по локално време пристигнала во домот на актерот и го пронашла телото на актерот. Нема индиции дека се работи за насилна смрт, а точната причина за смртта се очекува да биде објавена по истрагата.