“Ви благодариме на сите за поддршката што ни ја давате во овие најтешки моменти”, објави тој на Фејсбук
Почина едногодишниот син Матео на познатиот хрватски гимнастичар Маријо Можник. Европскиот шампион од 2015 година ја објави тажната вест на Фејсбук.
“На 18 февруари нашиот мал Матео заспа и не се разбуди… Ви благодариме на сите за поддршката што ни ја давате во овие најтешки моменти”, се вели во објавата.
Маријо Можник пред три години стана претседател на Хрватската гимнастичка федерација, а покрај златото на Европското првенство во 2015 година, освои и европско сребро во 2012 година и светска бронза во 2014 година.