Почина македонскиот бодибилдер Мирко Петровски

Утрово македонскиот спорт беше погоден од веста за смртта на фудбалскиот тренер Ацо Стојанов, а сега пристигнува нова тажна вест.

На 47-годишна возраст почина македонскиот фитнес и боди-билдинг шампион Мирко Петровски. Петровски беше еден од најистакнатите боди-билдинг и фитнес инструктурои кај нас.

По завршувањето на кариерата во боди-билдингот во последните години работеше како тренер на повеќе познати македонски личности.