Почнува средбата Османи – Столтенберг

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја започна средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

По средбата Столтенберг и Османи ќе одржат прес-конференција, пренесува Телеграфи.

Пред пристигнувањето на Косово, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази загриженост за руското влијание во регионот и реториката за одвојување.

„Разговаравме за безбедносната ситуација во регионот. Загрижени сме поради реториката на одвојување и надворешно влијание, особено од Русија. Наместо закани за загрозување на стабилноста и поткопување на реформите, сите лидери треба да работат на единство и напредок. Ние сме посветени на стабилноста во овој регион. Знаете дека сме ангажирани со години бидејќи вашата земја е важна за целиот регион на Западен Балкан. Затоа, ја продлабочуваме нашата соработка, политичкиот дијалог и практичната соработка“, рече Столтенберг при посетата на Босна.

Секретарот на НАТО попладне ќе оствари средба со премиерот на Косово.