ПО ОВА ЌЕ ГО ОБОЖАВАТЕ! Погледнете каде живее Алкараз! Го победи Новак, ги зема милионите и се врати во домот над локалот за турски ќебапи (ВИДЕО)

Карлос Алкараз (20) освои нешто повеќе од 2,7 милиони евра со победата на Вимблдон, а во кариерата близу 20 милиони само од турнирите, а неговата скромност го воодушевува светот.

Вкупната сума е значително поголема бидејќи младиот Шпанец има силни договори со некои од водечките светски брендови во светот на спортот и модата.

По титулата на Вимблдон, Алкараз се врати во скромниот дом во Ел Палмар, во близина на Мурсија.

По враќањето во овој град го чекаа бројни фанови, но и екипи од новинари, камермани и фотографи.

Според извештаите, Карлос, или Чарли или Карлитос како што го нарекуваат во неговиот роден град, сè уште живее со макја у и татко му во стан од 200.000 евра над турска ќебапчилница и пицерија.

За да биде целата приказна уште поинтересна, тенисерот од аеродромот до својот дом пристигнал со такси.

Ел Палмар е област во градот Мурсија во јужна Шпанија. Во Ел Палмар живеат околу 25.000 жители и се наоѓа на пет километри од центарот на градот.

Алкараз неодамна доби нов мурал.

На овој начин соседите го почестија тенисерот кој стана најмладиот победник на Вимблдон по Борис Бекер во 1987 година.