ПО 10 ГОДИНИ ЏОРЏИЈА МЕЛОНИ Е ‘СИНГЛ’ ДЕВОЈКА – Премиерката на Италија раскина со нејзиниот партнер по неговите контраверзни коментари: “Мојата врска завршува овде!“

Премиерката на Италија, Џорџија Мелони, во петокот изјави дека се разделила од нејзиниот партнер, телевизискиот новинар Андреа Џамбрун, кој во последните недели беше критикуван за сексистички коментари во етер.

Мојата врска со Андреа Џамбрун, која траеше речиси 10 години, завршува тука“, напиша Џорџија Мелони во објава на социјалната мрежа Фејсбук и додаде: „Нашите патишта се разделија веќе некое време и време е да го признаеме тоа“.

слика
Џорџија Мелони и Андреа Џамбрун

Двојката ја има ќерката Гиневра, родена во 2016 година.

Андреа Џамбруно е водител на информативна програма емитувана од Mediaset, дел од медиумската група MFE во сопственост на наследниците на починатиот Силвио Берлускони, поранешен премиер и сојузник на Џорџија Мелони.